Франсоа-Рене де Шатобријан

François-René de Chateaubriand

Франсоа Рене де Шатобријан (француски: François-René de Chateaubriand) (1768–1848) е француски политичар, дипломат, историчар и писател кој претставува предвесник на романтизмот во Франција. За неговото дело критичарите велат дека иако е во произволна форма, изобилува со многу поезија, а жанровски се движи од лирски роман, преку слабо изведени епопеи, до есеј и автобиографски белешки. Овој писател го интересираат три крупни теми: политиката, религијата и интензивното, роматичарско доживување на и соживување со природата, особено со новите, непознати светови. Сѐ што напишал Шатобријан (а најважни му се подолгите прозни дела Атала и Рене) има силна автобиографска димензија. Како потомок на стара благородничка лоза, врзан за „Стариот Свет“ кој умира грчевито под налетите на новиот, капиталистички поредок, тој ќе се качи на брод за Америка, во политичко прогонство. Петмесечниот престој во Филаделфија и посетата на Нијагарините водопади кај него ќе ја разгори фантазијата по нови и непознати светови и предели (едно од темелните обележја на романтизмот, беше патувањето во егзотични и непознати места).

Атала ; Рене

Фјодор М. Достоевски

Фјодор Михајлович Достоевски (руски: Фёдор Михайлович Достоевский; роден на 11 ноември 1821 година во Москва — починал на 9 февруари 1881 година[1] во Санкт Петербург[2]) — руски писател, раскажувач,есеист, филозоф, новинар и публицист [3]. Тој бил дописен член на Санктпетербуршката академија...

Повеќе..

Криста Волф

Криста Волф е родена на 18 март 1929 година, како Криста Иленфелд (Christa Ihlenfeld), во Ландсберг (денес во Полска), а живеела и работела...

Повеќе..

Драгана Јокиќ

Драгана Јокиќ е современа српска уметница, архитектка и авторка. Родена е во Белград, каде што живее и работи. Таа има...

Повеќе..

Хенрик Ибзен 

Хенрик Ибзен (20 март 1828 – Осло, 23 мај 1906 ) — норвешки писател и драматург. Во своите дела го критикувал современото буржоаско општество. Негови најзначајни дела се „Нора“, „Комедија на...

Повеќе..

Светислав Пауновиќ

Светислав Пауновиќ (1934–2014) бил српски професор, инженер по електротехника и писател. Роден и израснат во Белград, дипломирал на Електротехничкиот факултет...

Повеќе..

Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс (14 ноември 1954) е американска политичарка, и била 66-ти по ред државен секретар на САД во администрацијата на Џорџ В. Буш. На таа...

Повеќе..

Ана Стојаноска 

Ана Стојаноска (22 ноември 1977 , Прилеп) – македонска писателка, есеистка и професорка. Дипломирала во 2001 година, на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, на Катедрата за општа...

Повеќе..

Борис Пастернак

Борис Леонидович Пастернак (10 февруари 1890, Москва – 30 мај 1960, Переделкино, Русија) – руски поет и прозаист од еврејско...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×