Ова е приказна која почнува со необично сведоштво на една мајка, која тврди дека ќерка ѝ не е од овој свет.
Низ драматични пресврти, научни претпоставки, митови за древните астронаути и религиозни симболи, потрагата по мистериозната Лили прераснува во потрага по одговори на исконските прашања: Кои сме? Од каде доаѓаме? Дали сме сами во Космосот? И можат ли науката и духовноста да нè доведат до заедничка вистина?
„Лили“ е роман-мистерија со допир на научна фантастика и филозофско преиспитување на религијата. Роман за вербата, сомнежот и границите на човечкото спознание.
Мимоза Ристова е професорка по физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
