Предлог за новогодишен подарок бр.1

10.12.2020
ЗА ЉУБОПИТНИТЕ ДЕЦА ПОЛНИ СО ПРАШАЊА ЗА ВСЕЛЕНАТА – ВОЗБУДЛИВИОТ СЕРИЈАЛ ОД ХОКИНГ
Нема поубав подарок за деца што сакаат да знаат повеќе од книги! Ако имате такви деца, тогаш книгите на ЛУСИ И СТИВЕН ХОКИНГ кои ги одговараат „вселенските“ прашања се вистински подарок за нив за Нова година.
Нека тргнат на возбудливи авантури со Џорџ и со неговата другарка Ени низ вселената и нека ги дознаат последните откритија на научниците за големиот прскот и создавањето на универзумот, за Месечината и за нашиот сончев систем, за црните дупки, патувањето со брзина на светлината и телепортацијата. Поттикнете ги да научат за релациите меѓу најситните честички кои водат до разбирање на функционирањето на универзумот.