Предлог за новогодишен подарок бр.2

10.12.2020
ЗА „ЗАВИСНИЦИТЕ“ ОД ВОЗБУДЛИВИ ПРИКАЗНИ
1. БЕБИСИТЕРКАТА: Една убиена жена, едно исчезнато бебе, еден осомничен и многу прашалници. 33-годишната Керолајн Харви е избодена со нож додека го причувува бебето на нејзината пријателка. Нејзиното тело е најдено врз креветчето, а бебето е исчезнато. Осомничен за убиството е нејзиниот љубовник, шармантниот Калум, кого го апсат додека со сопругата и ќерката е на одмор во Франција. Одличен психолошки трилер; едноставно, книга што не се остава!
2. КАКТУС: Запознајте ја Сузан Грин, која живее живот на постојана социјална дистанцираност. Самостојна и силна, со специфичен поглед на свет, Сузан мисли дека има сè што ѝ е потребно ви животот. Но откако нејзината мајка ќе почине, проблемите испловуваат на површина. Мајка ѝ остава тестамент во кој покажува дека повеќе се грижи за брат ѝ, а Сузан дознава дека сега, на 45 години, останала бремена. Трагајќи по причината за одлуката на мајка ѝ и копајќи низ минатото, ѝ се случува најстрашното: чувствува дека губи контрола над сопствениот живот.