Предлог за новогодишен подарок бр.3

11.12.2020

Мода, здравје, убавина, шик, самодоверба, шарм, заводливост, љубов, еротика... Да се има или не деца, да се има или не сопруг, како е можно да се балансира меѓу работата и семејството, а и да се има време за себе, и да се биде успешна деловна жена... Жената на дваесет и првиот век која сака сè и може сè, но постојано живее со товарот на изборот на своите плеќи. И на триесет, и на четириесет години.

Две книги исполнети со динамични текстови полни со хумор ќе ја натераат секоја урбана жена да се препознае во ситуациите, да се замисли и насмее над животните предизвици и крстопати и да ги затвори книгите чувствувајќи се уште посамоуверена и посреќна со себеси си и со своето тело.