Предлог за новогодишен подарок бр.4

18.12.2020

ЗА ДОБРИ БИЗНИСМЕНИ И УСПЕШНИ ТАТКОВЦИ

ОД МОМЧЕ ДО МАЖ: Вистински подарок за татковци, кој ќе ги научи како треба да постапуваат со своите синови за време на пубертетот. А за да го направат тоа, од книгата ќе научат што се служува со нивното момче во пубертетот, низ какви промени минува тоа и како влијаат околината и технологијата на неговиот живот. Забавна и поучна книга, исполнета со примери на родители од целиот свет кои успеале да им помогнат на своите деца да го пребродат најтешкиот период од животот и да се развијат од момчиња во мажи на најдобриот можен начин.

ЈАС, ТАЈКУНОТ: Што претставува деловниот успех? Како се станува успешен? Дали е потребно знаење, труд или среќа? Или сите три заедно? Дали еден човек може да биде успешен сам по себе или му е потребен вистински тим? Приказната на Мирослав Мишковиќ, човекот зад империјата „Делта“, во која раскажува за својот пат кон успехот и за сите предизвици со кои се соочувал и сè уште се соочува за да се задржи на врвот е вистински подарок за секој бизнисмен.

Книгите се достапни по намалени цени на Предновогодишниот саем на книгата во

, а можете да ги нарачате и на нашата веб-страница: https://kscnet.com/polica/

See Less