Предлог за новогодишен подарок бр.5

25.12.2020
ЗА ВАШИТЕ БУНТОВНИ ТИНЕЈЏЕРИ ШТО САКААТ ДА ЧИТААТ
Вистински подарок би била тетралогијата на Вероника Рот – тинејџерска, возбудлива и поучна.
Едно поинакво Чикаго. Дистописка реалност во која луѓето живеат поделени во предодредени фракции, според склоностите што ги имаат: Несебични, Искрени, Учени, Мирољубиви или Бестрашни. А тинејџерите во еден ден од својот живот носат одлука дали ќе останат во рамки на фракцијата на своите родители или засекогаш ќе го напуштат семејството и ќе се придружат на сличните на себе. Пред овој предизвик се наоѓа и 16-годишната Беатрис, која влетува во низа неочекувани настани кои ќе ѝ го променат животот засекогаш. Приказна распослана во четири продолженија со многу заплети, романса и непредвидливи завршетоци.
Во 2014 година беше снимен и филмот „Дивергенти“ со Шајлин Вудли и Тео Џејмс во главните улоги.
Книгите можете да ги купите со 30% попуст до крајот на годинава на Полица.мк или на саемот во @capitolmall.mk.