Пинк Флојд : кога свињите ќе полетаат

19.02.2021

КНИГАТА ШТО ЈА РАЗОТКРИВА И СВЕТЛАТА, И МРАЧНАТА СТРАНА НА ПИНК ФЛОЈД

Пинк Флојд. Музичката група која со своите хитови од 70-те години изврши трајно влијание врз повеќе генерации и успеа да го задржи своето реноме на неприкосновен сликар на човековата состојба и младешкиот бунт.

Марк Блејк во оваа биографија на Пинк Флојд детално го опишува развојот на групата од музичките почетоци на членовите на првиот состав, преку повлекувањето на Сид Барет, до последното обединување на Вотерс, Гилмор, Мејсон и Рајт на „Лајв Ејт“ во 2005 година.

Излегувањето на книгата на македонски е вистински празник за сите обожаватели на Пинк Флојд. Можност да се навратат на времињата во кои биле под влијание на „дрогата“ што се крие во нивните стихови и да дознаат многу детали за животот и творештвото на нивните омилени музичари. За поновите генерации, пак, ова е книгата од која можат да тргнат во запознавањето со легендарата група, кое неминовно ќе ги навлече да навлезат во квалитетниот звук на Флојд, исполнет со ненадминат дијапазон од емоции и искуство.

Книгата е достапна во поснабдените книжарници, а може да се нарача и онлајн на: https://bit.ly/3pBWa0M