ГО ОДБЕЛЕЖУВАМЕ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ ЗАЕДНО СО ТЕАТАР ЈОРДАН Х.К. ЏИНОТ

30.03.2021
На 27 март, во 12 часот, во театарот во Велес премиерно ќе биде изведена претставата за деца „Шумска болница“, а во исто време ќе се промовира и сликовницата „Шумска болница“ во издание на „Полица“.
Сликовницата е прва од петте во серијалот што произлезе од адаптацијата на театарската претстава, работена според поемата на велешката поетеса Македонска Јанчевска. Модерните илустрации и дизајнот на сликовниците се на Филип Коруновски, кој е и автор на костимите и сценографијата на претставата. Уредничка на сликовницата е нашата колешка Vesna Kostovska .
Се гледаме во Велес на претстава, се читаме низ цела Македонија во сликовница