Брам Стокер

Bram Stoker

Абрахам Стокер (8 ноември 1847 — 20 април 1912) ― ирски писател што се прославил со својот роман на ужасите Дракула од 1897 година. Во младоста, Стокер работел како театарски критичар во ирски весник и пишувал статии и коментари. Починал на 20 април 1912 година од локомоторна атаксија и бил кремиран во Северен Лондон. По смртта, неговото најзначајно дело Дракула станало едно од најпознатите дела во англиската литература, а романот е адаптиран за бројни филмови, раскази и драми.[1]

Додека бил студент преку неговиот пријател д-р Маунсел, Стокер се заинтересирал за театарот. Станал театарски критичар за Dublin Evening Mail.[5] Театарските критичари во тоа време биле слабо ценети, но тој се истакнал со квалитетот на неговите критики. Во декември 1876 година, тој дал поволна рецензија за претставата Хамлет од Хенри Ирвинг во Кралскиот театар во Даблин. Ирвинг го поканил Стокер на вечера и тие станале пријатели. Стокер, исто така, пишувал приказни, а „Кристална чаша“ била објавена од Лондонското друштво во 1872 година; по неа бил објавен „Синџирот на судбината“ во четири дела во Шамрок. Во 1876 година Стокер ја напишал нефикциската книга Должностите на службениците на ситните сесии во Ирска (објавена 1879 година). [4] Исто, бил заинтересан за уметност и бил основач на Даблинскиот скицарски клуб во 1879 г.

Дракула

Јанис Варуфакис

Јанис Варуфакис (роден на 24 март 1961) е грчки економист и политичар. Од 2018 година е генерален секретар на Democracy...

Повеќе..

Херман Мелвил

Херман Мелвил (1819–1891) бил американски писател и поет, најпознат по романот Moby-Dick. Роден е во Њујорк во семејство на трговец,...

Повеќе..

Звонко Димоски

Звонко Димоски е преведувач, автор, театарски критичар и културен менаџер, чија работа ги поврзува современиот театар, литературата, културното наследство и...

Повеќе..

Рикардо Адолфо

Рикардо Адолфо (роден 1974, Ангола) е португалски писател и сценарист. По независноста на Ангола се преселил во Португалија, каде што...

Повеќе..

Џонатан Свифт

Џонатан Свифт (англиски: Jonathan Swift; Даблин, 30 ноември 1667 – Даблин, 19 октомври 1745 ) — најголем англиски критичар еден од најостроумните критичари на човековата природа и општествените процеси. Негови...

Повеќе..

Жан Илиески

Жан Илиески е роден 1981 година во Скопје, Македонија. Почнува да пишува на шеснаесетгодишна возраст. Студира филозофија и социологија. Во 2005...

Повеќе..

Пол Скот

Пол Марк Скот (25 март 1920 – 1 март 1978) беше англиски романописец, познат по неговата тетралогија The Raj Quartet,...

Повеќе..

Астрид Линдгрен

Астрид Ана Емилија Линдгрен (14 ноември 1907 година — 28 јануари 2002 година) — шведска писателка. Астрид Линдгрен пораснала во Нас,...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×