Хомер

Hómēros

Хомер (грчки: Ὅμηρος Hómēros) — легендарен (или можеби митски) ран грчки поет и рапсодист традиционално славен како автор на големите грчки епови Илијада и Одисеја, комичниот мини-еп „Батрахомиомахија“ (“Војната на Жабецот и Глушецот”), корпусот Хомерови химни, и различни други изгубени или нецелосни дела како „Маргитес“. Неколку антички автори нему му го припишуваат целиот епски циклус, кој вклучува и натамошни поеми за Тројанската војна како и поемите за Едип и неговите синови.

Според традицијата, Хомер е слеп, и различни јонски градови се сметаат за негово родно место, но инаку неговата биографија е празна. Не се знае точно кога живеел. Херодот проценил дека Хомер живеел 400 години пред него, со што времето на Хомер го сместува околу 850 п.н.е.;[1] додека други древни извори велат дека живеел во времето на Тројанската војна, на почеток на 12 век п.н.е.

Денес во науката „времето на Хомер“ или „Хомерово доба“ се нарекува периодот во кој се создадени еповите. Прифатено е дека „Илијада“ и „Одисеја“ се создадени околу 8 век п.н.е., односно „Одисеја“ неколку децении подоцна. Постојано се води дебата околу тоа дали истиот поет е автор и на „Илијада“ и „Одисеја“; а за останатите дела мнозинството се согласува дека се напишани подоцна.

Одисеја

Јасен Боко

Јасен Боко е роден во Сплит во 1961 година. Дипломирал драматургија на Факултетот за драмски уметности и светска книжевност со...

Повеќе..

Миранда Малинс

Миранда Малинс е писателка и историчарка специјализирана за историјата на Оливер Кромвел, неговото семејство и политиката во периодот на Интеррегнум...

Повеќе..

Лилјана Дирјан

Дирјан е родена во 1953 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на француската влада и Фондацијата „Губелкијан“....

Повеќе..

Дидие ван Ковелер

Дидие ван Ковелер (роден на 29 јули 1960) е француски романсиер, драматург и сценарист. Роден е во Ница и уште...

Повеќе..

Озлем Федаи Корчак

Озлем Федаи Корчак (родена во 1980‑тите години во Бурса, Турција) е современа турска авторка, илустраторка и творечка чија инспирација произлегува...

Повеќе..

Франц Кафка

Франц Кафка (германски: Franz Kafka; 3 јули 1883 во Прага – 3 јуни 1924 во Виена) — еден од водечките писатели на германски јазик од 20 век. Најголемиот дел од неговите дела се...

Повеќе..

Сара Хејвуд

Сара Хејвуд е британска писателка и уредничка. Таа студирала англиска книжевност и работела во издавачката индустрија, каде што се занимавала...

Повеќе..

Пол Скот

Пол Марк Скот (25 март 1920 – 1 март 1978) беше англиски романописец, познат по неговата тетралогија The Raj Quartet,...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×