Спилата на Таниос

Le rocher de Tanios

Автор: Амин Маалуф

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: роман
Број на страници: 278
Година на издание: 2016

300,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Во Кфарјабди, бајковито место во либанските планини, постои невообичаена спила која ја следи проклетство и забрана. Сакајќи да ја открие нејзината тајна, нараторот на оваа  ориентална приказна за љубовта, одмаздата и политичките интриги копа по дамнешното минато на родното место. Тој се обидува да ги поврзе деловите од еден летопис од почетокот на деветнаесеттиот век со сеќавањата на старците од селото за тоа бурно доба, кога на ова тло се бореле локалните феудалци, турскиот султан и египетскиот паша, а преку нив и западните сили и колонијалните ривали, воведувајќи ја во игра сета сложеност на Либан во времето на Отоманската империја. На нараторот пред очите му излегува ликот на шеикот Франсис инаку донжуан , учениот маскар Надер  кој чита додека јава, грузиска проститутка, англискиот патријарх кој отвора школо во муслиманско село и кој го демне смртта на нишанот од пушката на англискиот конзул и прекрасната Ламија која својата убавина ја носи како крст; а пред сè Таниос, загадочното момче со побелена коса кој станува херој на омилената легенда. Фанатизам, крв и смрт ќе ја запечатат судбината на јунаците на малуфовиот роман и ќе го присилат младиот Таниос да тргне на пат прогонет во потрага по сопствениот идентитет.