Калифорнија Блуз

California Blues

Автор: Милан Оклопџиќ

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание: 2020

400,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Првиот српски урбан писател, Милан Оклопџиќ, својот престој во Америка го опишал како патување низ таканаречената земја од соништата и сеќавање на времето поминато на Западниот Брег, и тоа како еден застрашувачки калифорниски блуз. Ова е роман што на многу начини претставува вистински книжевен настан, урнебесна „ода“ на златната митоманија на тогашното „свето тројство“ (секс, дрога и рокенрол), „ода“ на морбидниот и девијантен свет на „ветената“ Америка, напишан со филмска камера и сниман со обична машина за пишување под калифорниското сонце во друштво на бесмртните Хендрикс, Ферлингети, Корија...

Калифорнија блуз оставил длабок белег во растењето на многумина што го разбираат животот од една друга гледна точка и што не се двоумеле доброволно да се предадат на заводливата лековерност заради свое спасение.

„Јас не работам никаде, премногу сум лесен за тешка работа, премногу тежок за лесна работа и премногу секси за ноќна работа.“