Дали на Америка и треба надворешна политика? : кон дипломатијата на XXI век

Does America need a foreign policy? : toward a diplomacy for the XXI century

Автор: Хенри Кисинџер

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 378
Година на издание: 2016

500,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Во оваа севременска, важна, а истовремено и далекосежна книга, Хенри Кисинџер, најпознатиот дипломат на Америка, објаснува зошто на Америка итно ѝ треба нова и сеопфатна надворешна политика и какви цели треба САД да има во надворешната политика во новиот милениум. Во книгата јасно е прикажана проценката за тоа како надмоќта на САД како светски доминантна држава во XX век може ефективно да се усогласи со итната потреба од нов храбар светски
поредок во XXI век. Кисинџер го изнесува своето мислење за речиси сите теми што ги начнува, од глобализацијата (која ја поддржува) до меѓународните судови (кои во најголем дел
не ги одобрува). Неговите тврдења честопати даваат нови перспективи, а особено е критички настроен кон тоа што домашната политика се меша во меѓународните односи на Америка. Како особен проблем во тој поглед се осврнува на медиумите, кои трчаат по светот во потрага по возбудливи, сензационалистички, но краткотрајни прикази, кои вообичаено се претставуваат како приказни за вечната борба меѓу доброто и лошото, а ретко во однос на долгорочните предизвици што тие ќе ги отворат во историски контекст. Дали на Америка ѝ треба надворешна политика? Секако дека ѝ треба, а Хенри Кисинџер на читателите им дава увид во тоа како би требало да изгледа една добра надворешна политика.