Домашниот Учител

Der Hauslehrer

Автор: Михаел Хагнер

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание: 2018

200,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Михаел Хагнер ја раскажува приказната за Андреас Диполд, приватен учител во Германија на преминот од XIX во XX век, неговите ученици и нивните родители, но и изнесувањето пред суд на случајот за малтретирање и убиство извршени токму од страна на учителот. Авторот се повикува на тогашните извори и судските списи. Потоа ги анализира правните, медицинските и медиумските практики од тоа време и од комплексноста на настаните создава модел на „случај“, но само делумно заснован врз фактите. Скандалот жестоко бил дебатиран во педагогијата, криминологијата, психијатријата и во сексологијата, така што, своевремено, терминот „диполдизам“ влегол во учебниците со дефиницијата на класичен пример на едукаторен садизам.

Книгата дава слика за бескомпромисната природа на образованието, сексуалноста и казната, ставовите на образуваните и научни кругови за образованието, казната, „нормалноста“ и перверзијата, како и за луѓето чија улога на едукатори понекогаш е нејасна.