Пофалба на маќеата

Elogio de la madrastra

Автор: Марио Варгас Љоса

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 166
Година на издание: 2017

350,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Овој разигран роман за љубовта и страста ќе ги зацрвени образите дури и на најтврдокорните либерали и сладострасници.

„Реков и ќе речам: задница. Ни задник ни дуп ни газ ни гузица, ами задница. Оти кога ја јавам ме обзема токму такво чувство: дека сум качен на мускулеста, кадифена кобила, избувлива а питома. Тоа е една цврста и можеби толку крупна задница колку што се вели во легендите што за неа кружат низ кралството, а кои им ги разгоруваат мечтите на моите поданици. (До моите уши стигаат сите, но не ме лутат – ми ласкаат.)“

Со оваа книга Марио Варгас Љоса успеа своите омилени теми, љубовта и еротиката да ни ги претстави на нов и многу провокативен начин. Со толкувањето на шесте репродукции на сликите, тој воедно ги оживува и преку нив ни раскажува приказни во кои шармантниот и личен Фончито ја вознемирува маќеата доња Лукресија, а дон Ригоберто се фрла во ноќните фантазии, со што нè наведува да се прашаме дали момчето, всушност, е самиот Ерос кој се вовлекува во прегратките на зрелата жена, или станува збор за мечтите на нејзиниот сопруг.

Овој роман можеби е мал, но изобилува со теми од кои би се срамеле доколку писателот на ваков маестрален начин не ги обработеше. Ова дело е единствено во опусот на М. В. Љоса.