Филипова историја

Iustini Historiae Philippicae

Автор: Јустин

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр:
Број на страници: 524
Година на издание: 2020

400,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Делото што преку ракописната традиција стигнало до нас под насловот Јустинова Филипова историја или Филипова историја на Јустин (Iustini Historiae Philippicae) е скратена верзија или епитома на едно незачувано дело дело на римскиот историограф Гнај Помпеј Трог. Според одредени показатели од самиот текст, може да се заклучи дека насловот на делото на Трог бил Книга за Филиповата историја, почетоците на целиот свет и местата на земјата. Од текстот на Јустиновата епитома е извесно дека делото на Трог претставувало обемна универзална историја на целиот дотогаш познат свет, почнувајки од времето на Нин, митскиот крал на Асирија и основачот на нинива, па сѐ до времето на императорот Август.