...Како ти и јас...

Како ти и јас

Автор: Тони Манџуковски Манџук

Издавач:
Жанр: Поезија
Број на страници: 23
Година на издание: 2020

250,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

“…Kao ti i ja… / ...Како ти и јас... / …Like you and me…
љубовно патеписна поема - импресија од младоста нa Никола Тесла
 

 

...шеста книга на авторот која е љубовно патеписна поема – импресија од младоста на Никола Тесла, напишана на хрватски, препеана на македонски и англиски јазик, составена од 9 дела, 6 града и 3 лика (Јас, Ти и Како ти и јас) низ која преку призмата на младоста на Никола Тесла се обработува повеќеслојна тематика навидум преставена преку патеписна прошетка низ шест града која дава осврт и на духовната страна на Никола Тесла, но и на состојбите во нашиов регион (Загреб, Белград, Скопје) и влијанијата на дел од европските центри на моќ (Милано, Истанбул, Виена и Будимпешта)  како и вечната инспирација за творење изразени преку енергија, вибрација и резонанца или преку сочуствување, убавина и љубов...

...Во рецензијата со наслов „Имагинациската лирска пловидба на Тони Манџуковски Манџук“, поетот Ефтим Клетников, меѓу другото, забележал дека станува збор за „аргонаутска имагинациска пловидба на духот и душата остварена во стилот на, речиси, молскавично поетско озарение“, но и дека „и јазикот и предметот / темата во поемата се во убав спој на фасцинација и дестилација, на кристализација на палимпсесните слоеви на имагинацискиот набој и слики од кои излегуваат стиховите на начин на кој, како што би рекол Пол Валери, морските бранови ја изнесуваат длабочината на брегот“...

...Според рецезентот Томислав Шуминоски, по прочитувањето на поемата се останува без зборови. Како што останува човек по откровение на највисокото, на нешто возвишено кое е достапно само на духот. Нешто што секој во себе го носи, но поради низа причини, пречки, животни околности, обврски и искушенија, ете не успеал да го допре, или да се идентификува или нурне длабоко во тоа што е. Длабоко, длабоко како љубовта која е опишана во ова поема. Токму така, едноставна е вистината, а ретко допрена – пишува Шуминоски...

 

Тони Манџуковски Манџук по професија е ИТ систем инженер и магистер по електротехнички науки, паралелно се занимава и со пишување проза, поезија, сценарија за уметнички перформанси. Досега објавил пет книги: „Скалила кон градот на пингвините“ (1999 година, збирка на проза, поезија и фотографии), „Скршениот шестар“ (2001, еколошка бајка во 9 чина), „Аквадукт“ (2005, дузина кратки раскази), „Анализа на електромагнетните појави во двобрзински еднофазен асинхрон кондензаторски мотор“ (2013, магистерски труд) и „Аманет“ (2015, дуодрама).

Поемата „...Kao ti I ja…/…Како ти и јас…/…Like you and me…“ е негова шеста книга.