Не кажувам

Не кажувам

Автор: Петар Андоновски

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 118
Година на издание: 2023

300,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Вратата ја затворам полека и зад мене го оставам Јосиф, клекнат на подот, заедно со Никита. Куќичката од лего-коцки ќе ја доправи и ќе отиде во спалната, ќе ја поттурне расфрлената облека на мојата страна од креветот и ќе легне, но нема да ме побара.Нема да ме побара ниту наредното утро кога ќе се разбуди и ќе види дека ме нема до него. Ќе отиде во тоалетот да се истушира и да се избричи, ќе ја облече кошулата што му ја испеглав, ќе се насмевне за тоа  со каква прецизност му ги пеглам ракавите, но нема да ме побара. Нема да ме побара ниту кога Соња ќе ги собере нашите фотографии, сувенирите од патувања, подароците што сме си ги подарувале за годишнини и родендени, и ќе ги остави во црни ќеси за ѓубре.

Ќе поминат денови, недели, можеби и години, а тој ќе мисли дека сум тука некаде и нема да ме побара.