Моќта на делото

Моќта на делото

Автор: Санде Стојчевски

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: есеј
Број на страници: 288
Година на издание: 2024

350,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

ПРЕПОРАКА ЗА КНИГАТА „МОЌТА НА ДЕЛОТО“ ОД САНДЕ СТОЈЧЕВСКИ

 

 

Последниве години современата македонска литература доживува вистински подем. Секоја година, многумина претставници на сите активни генерации писатели објавуваат нови, високо организирани книжевни остварувања од сите родови и жанрови. Од особено значење е фактот што меѓу најактивните творци се младите автори. Тие се во постојан контакт со достигнувањата на книжевен план во соседните литератури, но и во големите европски и светски книжевни центри.

Наспроти тоа, меѓутоа, се чувствува вистинска осека на критичарско просудување на вредностите и на книжевните достоинства на новообјавените дела, податок кој укажува на што поскоро свртување на македонската критика кон осветлување и афирмација на збогатената книжевна продукција кај нас. Во таа смисла е за поздравување секое новопојавено остварување од областа на критиката и книжевниот есеј, на составување антологиски прегледи или на други форми и начини за афирмација на современата македонска книжевна продукција.

Најновата книга критики и есеи „Моќта на делото“ од Санде Стојчевски во голема мера презема дел од ваквата неопходна книжевна активност. На нејзините страници се прави анализа, толкување и книжевна пресудба на голем број новообјавени современи македонски дела: поетски збирки, книги раскази, романи, драмски остварувања. Книжевните критики што го сочинуваат ова дело се одликуваат со нагласена аналитичност, со компетенција, со темелна акрибичност и, што особено импонира, со позитивен пристап и третман, со симпатија спрема литературните  дела, како што сугерираше Блаже Конески во еден од есеите во книгата „Светот на песната и легендата“.