Најдобрата работа што никогаш не ја доживеав

The best thing that never happened to me

Автор: Лора Тејт и Џими Рајс

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание:

450,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Лора и Џими се спријателиле кога и двајцата студирале новинарство на Универзитетот во Шефилд, што значи дека последните десет години ги имаат поминато во седење по англиски пабови и во муабети за животот и за љубовта. Сега заедно пишуваат книги – ги земаат лаптопите и пишуваат сè што ќе им падне на памет, но освен тоа, речиси ништо друго не се сменило во нивото дружење. Џими сè уште ја прекорува Лора оти редовно доцни, а Лора сè уште може да продолжи да пие дури и откако Џими се онесвестил под маса. 

 
Нивното пријателство опстанува бидејќи Лора знае да му го погоди чајот на Џими (еднаш на Лора, со нејзиниот телефон, ѝ го слика чајот каков што си го прави тој, за во иднина, кога ќе му прави чај, да гледа да биде во истата боја како тој што ѝ е во телефонот) и бидејќи Џими забележал дека на Лора ѝ се слабост чајните колачиња, па оттогаш тој секогаш ги има дома. 
 
Лора Тејт пишува колумни за списанијата „Шортлист“ и „Стајлист“, а Џими Рајс е хонорарен новинар. И двајцата живеат во Лондон.
 
Следете ги на „Твитер“ на @LauraAndJimmy.