Нераскажаната приказна за "Квин" : дали е ова вистинскиот живот?

The untold story of Queen : Is this the real life?

Автор: Марк Блејк

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 545
Година на издание: 2021

500,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Дали е ова вистинскиот живот? навлегува подлабоко во јавната слика на групата „Квин“ и во животите на четири исклучително различни личности, а особено на пејачот Фреди Меркјури.

 

И покрај смртта на нивниот енергичен водач Фреди Меркјури во 1991 година, бендот „Квин“ остана еден од најомилените рок-бендови на планетава, со триста милиони продадени албуми и голем успех на биографскиот филм за „Квин“ ‒ „Боемска рапсодија“. Сепак, целата приказна за нивниот извонреден подем и за вистините поврзани со енигматичниот Меркјури никогаш не биле откриени.

 

Новинарот Марк Блејк, автор на најпродаваната биографија на „Пинк Флојд“, се потпрел на своите стари интервјуа со членовите на „Квин“, а потоа направил повеќе од сто интервјуа со нивните продуценти, дискографски куќи, поранешни членови, блиски соработници и школски другари, вклучително и со многу познајници на Фреди Меркјури од раната возраст, со цел да состави комплетна, неверојатна приказна за подемот на бендот од предградијата до статусот на светски суперѕвезди. Книгата Дали е ова вистинскиот живот? првпат опишува на кој начин членовите на револуционерниот бенд станале светски шампиони.