Сердарот

Ο Αρματωλός

Автор: Григор Прличев

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Поезија
Број на страници: 40
Година на издание: 2025

150,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Григор Прличев (1830–1893) бил еден од најзначајните македонски преродбеници, поет, преведувач и учител. Роден е во Охрид, каде што го започнал своето образование, а потоа учел и во Атина. Таму се прославил со поемата „Сердарот“, со која во 1860 година ја освоил првата награда на поетскиот натпревар во Атина, каде што бил наречен „Вториот Хомер“.

По враќањето во Охрид, активно се вклучил во просветната дејност и во борбата за воведување на мајчиниот јазик во училиштата. Бил истакнат борец за културна и национална еманципација. Освен свои оригинални дела, Прличев направил и значајни преводи, меѓу кои и на Хомерова „Илијада“ на македонски јазик.

Неговиот автобиографски текст „Автобиографија“ претставува значајно литературно и историско сведоштво за времето во кое живеел. Починал во 1893 година во Охрид.