Темно скенирање

A Scanner Darkly

Автор: Филип К. Дик

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 336
Година на издание: 2021

450,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Темно скенирање е уште едно интелигентно и визионерско дело на Филип К. Дик, кое се занимава со изменети состојби на свеста. Приказната и нејзината препознатлива мрачна атмосфера се однесуваат на наркокултурата во Калифорнија во раните деведесетти години, како и начинот на кој наркотиците стануваат активен елемент на меѓучовечките и општествените односи.

И во овој роман, Дик го става својот футуристички печат на теми како што се ефектите на капитализмот и државното угнетување врз менталната и духовната состојба на поединецот. Книгата ја разоткрива и сета апсурдност и лицемерие на „војните против дрога“ што се водат и денес. Во Темно скенирање, Филип К. Дик ги доведува во прашање идентитетите на своите херои, притоа отворајќи неколку прашања чии одговори се бараат преку динамичното дејство и завршуваат со разоткривање на односите на моќ што го одредуваат нашето секојдневие дури и надвор од овој текст.