Волк

Wolf

Автор: Саша Станишиќ

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание:

500,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Првата книга за деца и тинејџери на Саша Станишиќ зборува за стравот и охрабрува. Зборува за малтретирањето кај младите, за пријателството, емпатијата и развојот на карактерот.

Камп за одмор длабоко во шумата. Вечно талкање, печење компири со лушпа, зуење на комарци. Адолесценти, неколку дена препуштени едни на други и на природата, опуштено придружувани од неколкумина повеќе или помалку мотивирани воспитувачи.

Двајца соученици, аутсајдери, се обидуваат да ги издржат непријатните активности и притисокот од врсниците. Еден од нив, Јорг, ова длабоко го погодува – тој е под притисок, понижен и натеран да се чувствува различно. Другите само ги гледаат нападите отстрана, уплашени и самите да не станат жртви. Како што ситуацијата почнува да ескалира, се појавува волк. Дали е само кошмар? Или покана да се соочиме со кошмарот на реалноста и да станеме храбри: за себе и за другите?

„Волк“ е маестралeн роман за деца и тинејџери во кој се истражува колку е тенка линијата помеѓу тоа да бидеш различен и да бидеш маргинализиран.