Чекајќи ги варварите

J.M. COETZEE - WAITING FOR THE BARBARIANS

Автор: Џон Максвел Куци

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание:

200,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Уште со насловот ова дело повикува алузија на друг, поранешен книжевен споменик, на познатата песна на Константин Кавафи, и на тој начин влегува во сферата на зрачењето на светското книжевно наследство. Романот на Куци ги презема атмосферата и сугестиите од делото со кое творечки кореспондира и, пропуштајќи ги низ сопствената творечка лабораторија, ги освојува, ги усвојува и ги посвојува, постигнувајќи на тој начин еден вид луцидна каскадност, умножувајќи ги нивоата на можно читање, и со тоа збогатувајќи ја сопствената уметничка вредност. Во романот истовремено се воведуваат импулси и од други значајни дела од светската висока литература: Достоевски, Кафка, некои филозофи... Фасцинацијата од уметноста на рускиот класик најмногу доаѓа до израз во романот „Мајсторот од Петербург“, додека Кафка е „присутен“ во „Чекајќи ги варварите“.