Прв излет : (драми)

Прв излет : (драми)

Автор: Мартин Стрезоски

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: драма
Број на страници: 216
Година на издание: 2025

350,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

„Драмите на Стрезоски навистина се доближуваат до Јонесковиот модел, но знаат, како во „Таксистот“, да бидат и социјално ангажирани, па да постават актуелни социјални прашања: што правиме за рехабилитација на затворениците? Или, како во драмскиот минималец „Завршни зборови“, да покренат прашања за нашиот однос кон јазикот и знаењето воопшто.“

Проф. д-р Венко Андоновски

„Токму силата на зборот, а во драмскиот текст тоа е најчесто дијалогот, е најсилната авторска страна на Мартин Стрезоски. Имено, дијалозите во неговите драми се толку спонтани што кога ги читаме и ги преведуваме во звук во нашите глави, ни се чини како да сме ги виделе во живо.“

Проф. д-р Атанас Чупоски