НОВО во ПОЛИЦА: Романот „Лили, девојчето што не е оттука“ од Мимоза Ристова!

Ова е приказна која почнува со необично сведоштво на една мајка, која тврди дека ќерка ѝ не е од овој свет.

Низ драматични пресврти, научни претпоставки, митови за древните астронаути и религиозни симболи, потрагата по мистериозната Лили прераснува во потрага по одговори на исконските прашања: Кои сме? Од каде доаѓаме? Дали сме сами во Космосот? И можат ли науката и духовноста да нè доведат до заедничка вистина?

„Лили“ е роман-мистерија со допир на научна фантастика и филозофско преиспитување на религијата. Роман за вербата, сомнежот и границите на човечкото спознание.

Мимоза Ристова е професорка по физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Мимоза Ристова
450,00 ден

Објавено: 04/11/2026

Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×