Петар Андоновски

Петар Андоновски

Петар Андоновски (1987, Куманово) дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Автор е на книгите: Ментален простор (поезија, 2008), Очи со боја на чевли (роман, 2013, второ и трето издание 2016, четврто издание 2023), Телото во кое треба да се живее (роман, 2015, второ и трето издание 2016, четврто издание 2023), Страв од варвари (роман, 2018, второ издание 2019, трето издание 2020, четврто издание 2023), Лето во кое те нема (роман, 2020, второ издание 2021), Не кажувам (роман, 2023, второ издание 2024).

Неговите романи преведени се на следните јазици: англиски, француски, италијански, шпански, словенечки, хрватски, бугарски, српски и албански јазик.

Награди:

2015 г. – Роман на годината на Утрински весник за романот Телото во кое треба да се живее.

2020 г. – Европска награда за литература за романот Страв од варвари.

2020 г. – Признание за најуспешен домашен автор помеѓу два саеми (награда од Македонска асоцијација на издавачи).

2022 г. – Пен преводи од Англискиот Пен центар (English Pen award).

Не кажувам

Страв од варвари

Телото во кое треба да се живее

Очи со боја на чевли

Антон Павлович Чехов

Антон Павлович Чехов (Таганрог, Русија, 29 јануари (17 јануари по стар календар) 1860 – Баденвајлер, Германија, 15 јули 1904) — руски раскажувач, романописец и драмски писател, припадник на правецот натурализам. Најпознати негови дела се...

Повеќе..

Фиби Морган

Фиби Морган е британска писателка и уредничка. Таа работи како издавач за криминалистичка и трилер литература во издавачката куќа Hodder...

Повеќе..

Светислав Пауновиќ

Светислав Пауновиќ (1934–2014) бил српски професор, инженер по електротехника и писател. Роден и израснат во Белград, дипломирал на Електротехничкиот факултет...

Повеќе..

Франц Кафка

Франц Кафка (германски: Franz Kafka; 3 јули 1883 во Прага – 3 јуни 1924 во Виена) — еден од водечките писатели на германски јазик од 20 век. Најголемиот дел од неговите дела се...

Повеќе..

Колм Тојбин

Колм Тојбин (Colm Tóibín) е истакнат ирски писател, есеист, новинар и професор. Роден е во 1955 година во Енискорти, Ирска....

Повеќе..

Едгар Алан По

Едгар Алан По (англиски: Edgar Allan Poe, 19 јануари 1809 — 7 октомври 1849 ) — американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник...

Повеќе..

Марија Ксилури

Марија Ксилури е современа грчка писателка, преведувачка и уредничка. Родена е на островот Крит, Грција. Студирала психологија во Атина, а...

Повеќе..

Стивен хокинг

Стивен хокинг (8 јануари 1942 – 14 март 2018) бил британски физичар-теоретичар, космолог, астрофизичар и писател. Роден е во Oxford,...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×