Валентин Нешовски

Валентин Нешовски

Валентин Нешовски е роден 1965 година во Скопје, Република Северна Македонија. По дипломирањето на Универзитетот „Кирил и Методиј“, работи како новинар и уредник во весниците „Нова Македонија“, „Македонија денес“, „Денес“ и „ЗУМ-магазин“. Бил дописник на неколку странски медиуми. Во 2000 година добива новинарска награда на УНХЦР за најдобра сторија од бегалските кризи. Текстот е објавуван во многу реномирани списанија во целиот свет.

Во 2004 поминува една година професионален развој на Универзитетот во Оклахома, САД, каде истражува во областа на меѓународните односи и режими и каде ја подготвува книгата „Конфликт, мир и медиуми“ на англиски и на македонски јазик.

Во октомври 2022 го објави првиот роман „Една книга“, кој е преведен на српски и на бугарски јазик и номиниран за Роман на годината.

Во ноември 2023 го објавува вториот роман „Последната мисла во универзумот“, продолжение на „Една книга“, која исто така влезе во тесен избор за наградата Роман на годината.

„Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“ е третата книга од оваа филозофско-научна фантастична трилогија.

Нешовски заедно со Џабир Дерала, во 2024, ја објави и „Човекот, роботот и дигиталниот бог“, која претставува дијалози за вештачката интелигенција. Овие дијалози беа објавувани како фељтон во неколку медиуми во Северна Македонија.

Валентин Нешовски во своите дела го истражува сложениот однос меѓу медиумите, конфликтите и глобалните општествени промени на еден филозофски, но истовремено забавен начин. Неговиот интерес за футуризмот, за иднината на технологијата и особено за вештачката интелигенција, е длабоко вкоренет во неговото творештво, каде што преку литературата ги испитува етичките и филозофските аспекти на технолошката ера.

Нешовски е автор кој на директен начин и со леснотија ги пренесува големите прашања на нашето време, отворајќи простор и слобода за читателот да промислува за иднината на човештвото и за нашето место во еден брзо променлив свет.

Во својата кариера е ангажиран од повеќе меѓународни организации како консултант за односи со јавност, комуникации и медиуми. Како консултант, има подготвено и уредено повеќе публикации кои се однесуваат на односите со јавност и со Европската Унија.

Извор:

No results found.

Браќата Грим

Браќата Грим (германски: Die Brüder Grimm или Die Gebrüder Grimm) Јакоб Грим (4 јануари 1785 – 20 септември 1863) и Вилхелм Грим (24 февруари 1786 – 16 декември 1859) биле германски филолози, јазичари и собирачи на германското народно творештво....

Повеќе..

Марк Бернар

Марк Бернар (1900–1983) бил француски писател и новинар, познат по своите дела инспирирани од животот на работничката класа. Роден во...

Повеќе..

Ненад Георгиевски

Ненад Георгиевски (роден 12 декември 1975 во Скопје) е македонски новинар, писател, преведувач и автор со повеќе од две децении искуство во документирањето...

Повеќе..

Озлем Федаи Корчак

Озлем Федаи Корчак (родена во 1980‑тите години во Бурса, Турција) е современа турска авторка, илустраторка и творечка чија инспирација произлегува...

Повеќе..

Хомер

Хомер (грчки: Ὅμηρος Hómēros) — легендарен (или можеби митски) ран грчки поет и рапсодист традиционално славен како автор на големите грчки епови Илијада и Одисеја, комичниот мини-еп „Батрахомиомахија“ (“Војната на Жабецот и...

Повеќе..

Одри Диван

Одри Диван (родена 1980) е француска филмска режисерка и сценаристка со либанско потекло. Кариерата ја започнала како новинарка и сценаристка,...

Повеќе..

Луис Карол

Чарлс Лудвиг Доџсон[1](27 јануари 1832 – 14 јануари 1898), попознат под псевдонимот Луис Карол[2] бил англиски писател, математичар, логичар, англикански ѓакон и фотограф. Неговите најпознати дела се „Алиса во...

Повеќе..

Греам Свифт

Греам Свифт (роден на 4 мај 1949) е современ британски романсиер и еден од значајните автори на англиската проза од...

Повеќе..
Кошничка0
Вашата кошничка е празна
Продолжи со купување
0
Search
×