Девијантност и социјална контрола во спортот

Автор: Мајкл Еткинсон и Кевин Јанг

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници:
Година на издание:

500,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Светот на спортот нуди длабок – и често игнориран – извор за проучување на девијантноста и нејзиниот развој и влијание врз општеството.
Девијантност и социјална контрола во спортот го предизвикува претходно утврденото во врска со односот на девијантноста и спортот и нуди концептуална рамка за идна работа во различни социолошки потполиња.
Црпејќи од нивните истражувања во криминологијата и девијантноста во полето на социологијата, Аткинсон и Јанг нудат текстуално разбирање на девијантноста поврзана со спортот преку примена на разни пристапи кон девијантноста во спортски контекст. Користејќи проширени студии на случај, авторите ја испитуваат темата на девијантноста преку примери што се популарни, недоволно истражени или нови.
Текстот објаснува како се создаваат облици на сакано и несакано кршење на правилата и како врз нив влијаат социјалните контексти во и околу спортот. Оттука, текстот истражува:

  • како девијантноста во спортот е културно конструирана и идеолошки врамена во динамични и интерактивни контексти;
  • патиштата што одредени атлетичари ги следат за да станат девијантни и како учат да го поврзат ова однесување со својот основен идентитет; и
  • општествените реакции на девијантно спортско однесување, вклучувајќи ја и улогата на медиумите во ширењето слики и пораки за ваквото однесување.

Разгледувајќи ги мрежите на социјални врски и како тие создаваат, дефинираат и контролираат прекршување на правилата и лицата што ги кршат правилата, Девијантност и социјална контрола во спортот нуди нијансирано и интегрирано објаснување на спортската девијантност, која
дава објаснување за однесувањето и за практиките на поединци и тимови.