Кактус

Cactus

Автор: Сара Хејвуд

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 372
Година на издание: 2020

550,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

За Сузан Грин, неуредните емоции немаат место во равенката на нејзиниот совршено подреден живот. Живее во стан што е идеален за еден човек, има работа што одговара на нејзината страст кон логика и „меѓучовечки аранжман“, кој ѝ обезбедува културни и други, поинтимни придобивки. Но, одеднаш, соочена со загубата на мајка ѝ и со веста дека самата таа ќе стане мајка, во Сузан се буди најголемиот страв. Таа ја губи контролата...
Како што се приближува датумот за породувањето, така светот на Сузан сè повеќе се изместува од својата оска. Можеби, таа има шанса да ја најде вистинската љубов и да научи да се сака себеси, но само ако си дозволи да се опушти.
Никогаш не е предоцна да процутиш.