Неколку тишини подоцна

Неколку тишини подоцна

Автор:

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 302
Година на издание: 2025

350,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Романот „Неколку тишини подоцна“ од Ана Стојаноска е дистописки роман, структуриран/компониран како симфонија, што е за прв пат во македонската литература да се искористи ваквиот начин на структурирање на наративната мрежа. Паралелно раскажува неколку различни приказни, на неколку различни места на земјината топка, во која главните ликови се соочуваат со голема пандемија после короната, со крах на економскиот систем и дигиталните валути, како и со падот на човечките заедници. Романот ја раскажува приказната низ неколку различни перспективи за да не донесе до крајот на светот. Ликовите се носители на неколку главни топоси во процесот на зачувувањето на човештвото од неизбежното рушење. Како што е тоа вообичаено за жанрот, покажано е на кој начин почнува крајот и на кој начин се прават обидите не да се спречи, туку да се уништи во целост. Во романот се покажува улогата на фармацевтската индустрија, големите финансиски фондови, лични приказни и улогата на  дарквебот, како и една поморска приказна која на некаков начин ги спојува сите во една.

Она што го издвојува романот „Неколку тишини подоцна“ е лиричната структура и ритмичноста која во себе намерно ја крие суровоста на светот што исчезнува.