Тетка Хулија и скрибоманот

La tía Julia y el escribidor

Автор: Марио Варгас Љоса

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 384
Година на издание: 2024

500,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

„Тетка Хулија и скрибоманот“ е брилијантен, повеќеслоен роман сместен во онаа Лима од младоста на авторот каде што младиот студент по име Марито Варгитас напорно работи во одделот за вести на локалната радиостаница. Неговиот млад живот го разбрануваат пристигнувањата на двајца луѓе.

Првото  е доаѓањето на неговата тетка Хулија, неодамна разведена и тринаесет години постара, со која започнува тајна врска. Второто е она на маничниот радиосценарист по име Педро Камачо, чии жестоки, зајадливи сапунски опери ги воодушевуваат слушателите во градот. Педро го избира младиот Марито да биде човекот на кого ќе му  се доверува додека полека полудува. Испреплетувајќи ја приказната за животот на Марито со сѐ пожестоките приказни на Педро Камачо, романот на Марио Варгас Љоса е урнебесен, палав и маестрален, класика прогласена за една од најдобрите книги во 1977 година.