Виј и придружбата : антологија на рускиот фантастичен расказ : 20 највозбудливи

Виј и придружбата : антологија на рускиот фантастичен расказ : 20 највозбудливи / [избор и превод од руски јазик Тања и Влада Урошевиќ ; илустрации Марко Трпески]

Автор: повеќе автори

Издавач: ПОЛИЦА
Број на страници: 573
Година на издание: 2025

500,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

На големата руска литература, фантастиката ѝ додава една значајна димензија. Фасцинацијата со ирационалното, која е и повод и цел на секоја фантастика, во значителна мера ја дополнува сликата на светот што ја гради оваа литература и ја прави побогата во слоевите на доживувањето. Дури и во крајно непогодни услови, таа фасцинација знаела да ги најде патиштата на изразувањето и да се реализира во високовредни и полнокрвни дела, од кои дел се застапени во оваа антологија: 

Антониј ПОГОРЕЛСКИ, „Слаткарката од Лафертово“

Михаил ЗАГОСКИН, „Нечекани гости“

Александар ПУШКИН, „Пиковата дама“

Владимир ОДОЕВСКИ, „Сказна за мртвото тело на непознат сопственик“

Владимир ТИТОВ, „Осамената куќарка на Василевскиот остров“

Николај ГОГОЉ, „Виј“

Алексеј К. ТОЛСТОЈ, „Семејството на врколакот“

Иван ТУРГЕНЕВ, „Сон“

Николај ЛЕСКОВ, „Белиот орел“

Антон ЧЕХОВ, „Црниот калуѓер“

Фјодор СОЛОГУБ, „Малото човече“

Леонид АНДРЕЕВ, „Тој“

Валериј БРЈУСОВ, „Во огледалото“

Алексеј РЕМИЗОВ, „Пожар“

Александар ГРИН, „Стаороубиец“

Евгениј ЗАМЈАТИН, „За тоа како беше излекуван монахот Еразмо“

Владимир НАБОКОВ, „Посета на музејот“

Свајтослав ЛОГИНОВ, „Куќа покрај патот“

Марина и Сергеј ДЈАЧЕНКО, „Инфаркт“

Андреј ЛАЗАРЧУК, „Мумија“

Избор и превод: Тања  и Влада Урошевиќ

Илустратор: Марко Трпески