ex nihilo : репортажна поезија за Андалузија

ex nihilo : репортажна поезија за Андалузија

Автор: Звонко Димоски

Издавач: ПОЛИЦА
Жанр: Поезија
Број на страници: 80
Година на издание: 2026

200,00МКД

Безбедно плаќање
Сигурна испорака

Ракописот „Ex nihilo – Репортажна поезија за Андалузија“ на читателот му нуди можност да ја запознае Андалузија, но не како географски предел, туку како духовен простор – живо место што се преселува во срцето на читателот. Во него, документарната прецизност постепено се преточува во чиста поезија, оставајќи силна емоционална трага и нова димензија во современиот македонски поетски израз. Оваа поетска книга сведочи за редок спој на интелектуална рефлексија и длабока лична чувствителност, кој создава впечатлива читателска блискост.

Ана В. Рингачева

Поезијата на Димоски создава впечатлива синтеза меѓу патописното сведоштво и лирската чувствителност, претворајќи го просторот во симболичен топос на внатрешното искуство. Неговите стихови ја откриваат Андалузија како метафора за враќањето кон изворната емоција и духовната припадност. Со тоа, авторот успева да изгради поетски свет што истовремено е конкретен и универзален, близок и длабоко созерцателен.

Мариола В. Миколајчакова